Нова љубов и нов стајлинг: Адријана Лима во сензуално издание на прошетка на Миконос (ФОТО)

На познатата бразилска убавица Адријана Лима никогаш не и недостасувало самодоверба да ги искаже и јавно покаже своите атрибути.

Изгледа дека за време на престојот во Турција во изминатата година ипол, колку што беше во врска со турскиот писател Метин Хар, Адријана запознала многу интересни и моќни фаци.

Се испостави дека еден од нив дефинитивно е поинтересен од останатите, а тоа е Емир Ујар, еден од најзначајните турски бизнисмени.

Токму со него Адријана се шета низ улиците на Миконос.

Свилена блуза, поточно кошула која се врзува во долниот дел, а под неа ништо. Нејзиното деколте беше откриено до папокот.

Со црвениот кармин на усните го заокружи својот изглед, а таа и бизнисменот беа вистинска атракција при прошетката на Миконос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот