„Нова љубов?“: Том Круз уживаше на Вимблдон во придружба на актерката Хејли Атвел

том круз
Фото: ЕPA-EFE/STEVE PASTON /

Холивудскиот актер Том Круз се појави на финалето на Вимблдон во придружба на англиската актерка Хејли Атвел. За таа прилика актерот носеше сино одело, додека Хејли пристигна во цветен фустан и носеше очила за сонце, пренесува „Fox News“.

Имено, веќе долго време се шпекулира дека Круз е во љубовна врска со актеркаата Атвел, но ниту од нив засега не ги негира или потврдува гласините. Тие, наводно, се зближиле за време на снимањето на филмот „Невозможна мисија 7“.

Американските медиуми пишуваат дека нивните соработници од снимањето на серијата тврдат дека 59-годишниот Том и 39-годишната Хејли „кликнале“ од првиот ден и дека повремено се среќавале после тоа.

Да потсетиме, Том Круз претходно беше оженет со актерката Мими Роџерс од која се разведе во 1990 година. Истата година се ожени со Никол Кидман со која има две деца. Тие се разделија и се разведоа во 2001 година. Пет години потоа, Круз се ожени со Кејти Холмс, со која се разведоа во 2012 година.

ФОТО: Том Круз им се јавил на британските фудбалери за да им каже дека вечер ќе навива за нив

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот