НОВА КНИГА: „Златниот часовник што го запре времето“ од Константин Дораковски

Дипломатот и писател Константин Дораковски, во романот „Златниот часовник што го запре времето“ живописно нè пренесува во интересна романсирана приказна за детството и младешките години поминати во роднокрајно опкружување, а поврзувајќи се со настани и ликови од минатите бурни времиња и со опфаќањето на некои доживувања во далечни прекуокеански простори. Нарацијата во романот, збогатена и со локални јазични особености, заокружува целина што опфаќа стотина години.

Авторот Константин Дораковски (1949) е дипломат и писател. Израснал и се школувал во Битола, а високото образование го завршил во Скопје. Професионалниот работен ангажман го започнал во Извршниот совет на СРМ, во владиното тело за односи со странство, од каде преминал во дипломатската служба, во Сојузниот секретаријат за надворешни работи на поранешна Југославија и со службување во Чикаго, САД (1987-1989). По осамостојувањето на Македонија работел во неколку македонски дипломатско-конзуларни претставништва (Торонто, Камбера, Отава), како прв висок дипломатски претставник на Македонија во Канада и Австралија.

Драмата и театарот му претставуваат долгогодишна писателска преокупација, а ги напишал и романите „Трите брега на душата“ и „Златниот часовник што го запре времето“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 20, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 29 февруари – 1 март 2020 година)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот