18 C
Скопје

Нова книга: За Григор Прличев и неговиот ХIХ век

Неодамна, во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид излезе книгата „За Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ од Вера Стојчевска-Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски. Книгата со својата содржина е посебно актуелна денес. Познато е дека доменот на научни истражувања на авторката, проф. д-р Стојчевска-Антиќ се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во црковнословенски, за да се дојде до XIX век со потреба од изразување на сопствен литературен јазик, различен од бугарскиот, од српскиот и од грчкиот јазик.

Прочитајте и...  Излезе „Културен печат“ број 70 во весникот „Слободен печат“

Покрај 12 трудови од д-р Стојчевска-Антиќ, книгата содржи и автографски записи, документи, мислења од охридскиот новинар Милчо Јованоски. Тој изнесува податоци и слики за куќата и гробот на Григор Прличев, за семејното стебло (првпат во печатена форма) за најстарите македонски изданија на негови значајни дела, филмови за Прличев, Прличевите визити, добитниците на наградата за најдобра поема.

Плановите се книгата „За Прличев и неговиот XIX век“ посветена на патронот на НУ Библиотека во Охрид да биде промовирана на почетокот од февруари во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“. Нејзиното издавање финансиски е помогнато од Министерството за култура и Општина Охрид.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 65, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 23-24 јануари 2021)

Прочитајте и...  Излезе „Културен печат“ број 70 во весникот „Слободен печат“

Поврзани вести

Излезе „Културен печат“ број 70 во весникот „Слободен печат“

Тони Димков

ПМГ Џез: Јордан Костов квинтет ќе настапи во МКЦ

Тони Димков

Книжевен превод: Книгата „Сага за Олаф Светиот“ е скапоцен камен меѓу исландските саги

Тони Димков

Прозно дело: „Гордиот Дабидеш“ од Ирена Доускова

Тони Димков

Книга за деца: Средба со приказните за Итар Пејо

Тони Димков

Македонски музички архив: Излезе првиот том на „Македонски рок времеплов“

Тони Димков

Остави Коментар