Нова книга во „Или-Или“: Уверливо книжевно патување со воз

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Моите ноќни возови“ од реномираниот француски писател Ерик Фај. Преводот од француски на македонски јазик е на Гзиме Старова, дизајнот на корицата е на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата е финансиски помогнато од Министерството за култура на РС Македонија и Францускиот институт во Скопје.

Авторот Ерик Фај во „Моите ноќни возови“ нè повикува на ноќно, уверливо патување со возови низ Европа и Азија (од Париз, Прага, Москва, до Владивосток, Монголија, Пекинг…) во времето пред падот на Берлинскиот ѕид и крајот на Варшавскиот пакт. Возот го продолжува својот пат меѓу два различни света, обликувани од анахроните императиви на идеологиите, непомирливоста на режимите, светските антагонизми. Тоа возовите го чинат секојдневно и секогаш со нови патници. Секој од нив минува од едно во друго доживување. Ерик Фај настојува да биде уверлив записничар на нивните судбини.

Поголем дел од својот работен век Фај го минува како новинар на новинската агенција „Ројтерс“. Во 2010 година е добитник на престижната награда „Роман на годината“ на Француската академија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 108, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 4-5 декември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот