Нова книга: „Намерници” од Ристо Лазаров

Издавачката куќа ,,ВиГ Зеница” ја објави најновата книга на Ристо Лазаров ,,Намерници”. Во предговорот на книгата, Димитар Пандев укажува дека овој пат поетиката на Лазаров добива свое прозно преточување во прозните записи кои се нов творечки предизвик на авторот, започнат уште од книгата ,,Врежанки”. Книгата содржи триесет и шест записи за Скопје и неговите намерници (Орвел, Горки, Хичкок, Сартр, Гомбрович, Брижит Бардо…), а кон нив се приложени и два оригинални записи на Петер Хандке и Густав Крклец.
„Намерници“, пишува Димитар Пандев, е книга што го задоволува вкусот на македонскиот читател, зашто е преисполнета со светот и светски имиња, она што нашиот жеден книгољубец одвеќе и одамна го прижелкува. Но таа желба, Лазаров ја надополнува со прагматични жедби за  механицистички средби, по принципот токму овде и токму сега, што ја отвора перспективата на етнографијата на комуникацијата, која особено инсистира на учествувачите (според Лазаров): намерниците, на областа или темата на разговорот (која е беспрекорно скопска, барем според пивото, и малку од малку, еврејска, според семките). Се разбира, сѐ се тоа артефакти, кои на малкумина им се познати, зашто тој свет не е подалеку од светот на спомениците, кои ако не се цел (намера) на комуникологијата, тогаш секако се на медиологијата. А за многумина тие се подведени под ист фактор. Различна им е, имено, само антропоморфизацијата. Впрочем, во книгата на Лазаров, намерниците се медиуми! И таа предикација не е комуниколошка, туку естетска! И се случува во центарот на разговорноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот