Нова книга на „Или-Или“: „Цут на цреша“ од Алина Апостолска

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Цут на цреша“ од Алина Апостолска. Насловот на делото е поткрепен со додавката „во потрага по тајната на своето потекло“. Авторката Алина Апостолска е родена 1961 година во Скопје. Најголем дел од животот го поминала во Париз, а од 1998 година живее во Монтреал, Канада. Историчарка по образование, таа работи како новинар во доменот на културата, но, исто така, и како издавач, предавач и организатор на настани. Има објавено околу триесетина книги за млади и возрасни. Нејзиниот роман „Едно лето од љубов и пепел“ ја доби наградата на генералниот гувернер на Канада.

Содржината на делото „Цут на цреша“ се однесува на Марк Нгијен, инженер што работи за Армијата на САД и кој никогаш не се интересирал за своето минато. Но, кога неговата маќеа умира и кога неговата жена му открива дека е бремена, нема друг избор освен да ја разоткрие тајната на своето потекло. Од Бостон до Хо Ши Мин-Вил, од Лос Анџелес до Монтреал, Марк го минува, но сега, во обратна насока, животниoт пат што е зацртан за него и „којзнае што прави“, како што изјавува, неговиот очув. На 24 јуни, на денот на неговиот триесет и осми роденден, на аеродромот во Монтреал, тој има средба со тајната на своето постоење. Во овој интимен трилер, лирската проза на авторката побудува едно размислување за идентитетот и наследството, посочија од „Или-Или“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 68, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 13-14 февруари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот