Нова книга: Концептот „магичен реализам“ како културолошки феномен

Книгата „Концептот магичен реализам како културолошки феномен“ од авторката Драгана Евтимова се занимава со дефинирање на поимот магичен реализам, со краток историски осврт и типологизација низ примери од книгите „Храпешко“ на македонскиот автор Ермис Лафазановски, „Опсада на црквата Свети Спас“ од српскиот автор Горан Петровиќ и „За подносливоста“ од словенечкиот автор Алеш Чар. Изработката на корицата на книгата е на Владимир Лукаш, а издавањето на книгата е поддржано од Министерството за култура.

– Во времето на значајните културни промени во почетокот на дваесеттиот век се формираат нови алтернативни форми, а негирањето на негативните тенденции и острото критикување на старите форми на изразување носат нов бран културолошки промени. Концептот магичен реализам како културолошки феномен е примамлив за анализирање од повеќе аспекти: покрај тоа што вклучува повеќе сфери од секојдневниот живот, овој термин, кој има оксиморонска природа, брзо ја ревидира желбата на читателите и видливиот свет го темели врз различни стојалишта – напиша Душко Крстевски, рецензент на книгата.

Драгана Евтимова (Скопје, 1984) досега ги има објавено книги: „Постоењето на динамиката“ (поезија, 2005), „Јас сум некаде на друго место“ (поезија, 2011), „Фусноти по сеќавање“ (поезија, 2014), „Се гледаме наскоро. Е.“ (епистоларен роман, напишан заедно со визуелниот уметник Владимир Лукаш, 2017) и „Растојанието меѓу две точки“ (хаику, 2018). Член на Друштвото на писателите на Македонија. Преведува од словенечки јазик.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 57, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот