Нова инвестиција: Шел влегува на македонскиот пазар со неколку бензински станици

Фото: Vincent Isore / Zuma Press / Profimedia

Брендот Shell (Шел) влегува на македонскиот пазар, при што една од неколкуте бензински станици кои треба да се изградат во земјава веќе е во завршна фаза во изградба, а се наоѓа на новата делница од автопатот Демир-Капија – Смоквица, пренесува Фактор.

Брендот влегува во земјата преку Бест веј оил (Best way oil), компанија која е дел од групацијата Бест веј инвестмент, зад која стои бизнисменот Сашо Мијалков и која веќе има три бензински станици во земјава – две во Гевгелија односно Смоквица и една во скопска Пинтија. На интернет страницата на Бест веј оил веќе стои дека наскоро ќе бидат отворени бензиски пумпи на нови локации кои ќе работат под брендот Best way oil, Shell coral A.E.

Инаку Coral е грчка компанија која има 760 пумпи кои оперираат под брендот Shell во Грција. Компанијата оперира и во Кипар, а од 2018 година е присутна и во Србија односно има бензинска пумпа Shell во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот