Нова голема донација на Меси за борбата со коронавирусот

twitter.com/PhotoFCB

Во Аргентина досега се регистрирани 6.278 лица заболени од коронавирус.

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело. Откако во Аргентина бројката на заболени лица од ковид-19 помина преку 6.000, Меси донираше 500.000 евра за борбата со коронавирусот.

Според „ТиЦ спортс“, Меси парите ги донирал на фондацијата Гарахан која купената медицинска опрема ќе ја распредели во здравствените центри низ Аргентина. Со парите донирани од Меси ќе се купат респиратори и вентилатори.

– Со овие пари ќе биде купена заштитна опрема за медицинскиот персонал за неколку реони од државата, сето она што им е неопходно на докторите и медицинските сестри на првата линија од фронтот. Ти благодариме Лео Меси за донацијата – изјави директорот на фондацијата Гарахан, Силвио Касаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот