Нова генерација ирански свештеници би прифатиле дека Израел постои
Група реформски ориентирани свештеници предавачи на семинар објавиле документ во кое се повикува за „враќање на ционистичкиот режим на неговите легални граници спроти агресијата во 1967 година и истовремено формирање независна палестинска држава“
Реформисти во иранското свештенство тивко отвориле дебата дали треба да се поддржи проектот „две држави“ за решавање на палестинското прашање, со што всушност Техеран би признал дека постои Израел.
Уште од Револуцијата во 1979 година иранските власти на чело со врховниот лидер, ајатолахот Рухола Хомеини, не го признаваат формирањето на Израел во 1948 година. Свештенството и државните функционери во Техеран упорно го пропагираа „Смрт за ционизмот“, од кој Палестинската ослободителна организација се откажа по Мировниот договор од Осло.
Поранешниот претседател Мохамад Хатами заедно со министерот за надворешни работи Камал Харази своевремено предложија одржување референдум за проектот „една држава“, на кој би можеле да гласаат само „потомците на жителите на Палестина пред ционистичката инвазија“ и палестинските бегалци.
Но, по израелските војни против Хамас во Газа и против Хезболах во Либан, почна и престрелка со далекустрелни проектили со Иран, за која Техеран нема капацитет да ја продолжи. На 21 октомври група реформски ориентирани свештеници предавачи на семинар објавиле документ во кое се повикува за „враќање на ционистичкиот режим на неговите легални граници спроти агресијата во 1967 година и истовремено формирање независна палестинска држава“.
Реакцијата на овој радикален предлог биле протести во Ком по петочните молитви. Провладиниот весник „Кајхан“ го оценил собирот како „пропагандна машина на непријателот“, а документот го опишал како „одвратен и срамен“. Кон критиките се приклучиле и највисоките судии, кои оцениле дека е потребно извинување и корекција, за да се спречи затворање на семинарот. Прореформските весници, од друга страна, ја пренесле информацијата „со симпатии“.
Во обид да го појаснат својот став, реформските свештеници забележале дека „ги разбираат ужасните злосторства на ционистичката држава“ и не го признаваат Израел, но и дека веруваат дека формирањето независна држава на Палестинците би водела кон крај на крвопролевањата.
Историчарот Араш Азизи коментирал дека додека се водат војните во Газа и Либан, како и престрелките со проектили помеѓу Израел и Иран, тешко дека има простор за ваква идеолошка дебата.
– Ова е дебата помеѓу оние што настојуваат Иран да биде инкубатор на револуционерниот исламистички антиционизам и оние што поддржуваат прагматична надворешна политика за да се заштитат националните интереси. Иран поминува низ транзиција. Врховниот лидер има 85 години. Моќта се префрла на новите генерации. Иран не може да продолжи со овие општи кризи. Стратегијата на Хомеини „ни војна ни мир“ немаше ефект – оценува Азизи.
Историчарот забележува дека Иран нема капацитет да влијае врз кое било решение што би го постигнале Израел и Палестинците. Тој потсетува дека поранешниот шеф на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф неодамна изјавил дека „Иранците се заморени од влада што се обидува да биде повеќе за Палестинците отколку што се самите Палестинци“.