Нова генерација актерски таленти доаѓа до израз со претставата „Семејство“

„Семејство“ е дипломска претстава на студенти од ФДУ

Драмски театар Скопје ја продолжи традицијата за поддршка и промовирање на помладите колеги, студенти и дипломци на Факултетот за драмски уметности. Конкретен чин на поддршка беше изведбата на претставата „Семејство“ на авторот Роналд Харвуд на сцената на Драмски театар на 25 март.

„Семејство“ е дипломска претстава на студентите на ФДУ во класата на проф. Зоја Бузалковска и доц. Александар Степанулески. Претставата е со мото „Семејствата се добри затвори“ и на интересен начин ни ги пренесува семејните релации.

Во претставата играат Мартин Ѓоргоски, Сара Спиркоска, Лазар Христов, Ања Митиќ, Леонардо Лазов, Анастасија Величковиќ, Стефан Николовски, Нела Павловска и Јана Вељановска.

Освен на Академската сцена на ФДУ, со оваа претстава младите актери гостуваа и на МТФ „Војдан Чернодрински“, а во најава се и неколку нови гостувања на сцените на македонските театри.

Станува збор за комплетен театарски производ кој може да се постави на секоја театарска сцена низ државата, а притоа да се види и креативниот потенцијал и талент на една нова и млада генерација актерки и актери.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 173, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 1-2.4.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот