Нова ескалација на осуммесечната битка за Триполи (ВИДЕО)

Судир на милиции во Триполи / Фото: EPA-EFE

Одметнатиот генерал Калифа Хафтар, лидерот на Либиската национална армија (ЛНА), во четвртокот прогласи почеток новата битка за Триполи, а жестоки борби се водат во последните 24 часа.

Борбите се водат меѓу бунтовничкиот либиски генерал Калифа Хафтар, кој се обидува да ја заземе контролата врз главниот град Триполи и милициите во сојуз со владата во тој град кои ја имаат поддршката од Обединетите нации.

Почетокот на борбата за Триполи е прогласен речиси осум месеци откако започна офанзивата за преземање на овој град. Познавачите на состојбите во Либија велат дека платениците од двете страни ја играат клучната улога во оваа офанзива.

Канцеларијата за медиумите на ЛНА сподели снимки од засилувањето кое пристигнало во Триполи, вклучувајќи ги и копнените трупи и оклопни возила. Соопштено е дека силите на Хафтар ја преземале контролата над еден град јужно од Триполи. Истата констатација ја отфрлија силите од Триполи.

Борбите се закануваат во Либија да започнат уште еден бран на општо насилство од избивањето на граѓанската војна во 2011 година, кога е соборен од власт и потоа убиен долгогодишниот лидер Муамар Гадафи. Во хаосот кој следеше, земјата е поделена, со слаба администрација која ја поддржува ОН во Триполи и сојузничка влада на истокот која ја води ЛНА.

Портпаролот на ЛНА, Ахмед ал-Месмари, рече дека ЛНА минатат ноќ спровела воздушни напади врз авио-базата на Академијата на военото воздухопловство во западниот град Мисрати, каде гаѓала воени складишта во кои биле лоцирани турските беспилотни летала користени од милициите кои се во сојуз со Триполи.

Мисрата, кој е втор најголем град по големина во западот на Либија, претставува седиште на милициите кои му се спротиставија на Хафтар. Овие милиции, според многумина, засега биле клучни во одбраната на Триполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот