Нова ера во светот на парфемите: Диор го улови „најскапиот“ дизајнер

Франсис Куркџијан Диор
Фото: Принтскрин / Instagram

Кој може да одолее на ударни мирисни ноти од фантастични парфеми… или на парфемите на Диор? Од сега овие парфеми ќе ги креира дизајнерот на најскапите мириси во светот.

Френсис Куркџијан, познат креатор на парфеми и креатор на еден од најскапите мириси во светот – Baccarat Rouge 540, стана новиот креативен директор на парфемите на модната куќа Диор. Имено, поранешниот креативен директор Франсоа Демаши замина во пензија.

Новиот креативен директор на Диор, Френсис Куркџиан, го направи својот прв парфем на само 25 години и се искачи на врвот меѓу креаторите на неодоливи мириси со молскавична брзина.

Како креатор и коосновач на брендот „Maison Francis Kurkdjian“, во партнерство со Марк Чеј, и член на групата LVMH од 2017 година, стана водечко име во светот на парфемите. Иако сега се приклучи на Диор, за кого ќе создава нови мириси, тој останува креативен директор на неговата куќа за парфеми.

Куркџијан, кој е во светот на парфемите веќе 25 години, многу брзо постигна светски успех со својот прв парфем, машкиот „Male“ од Жан-Пол Готје.

„Френсис Куркџијан е визионерски и страствен уметник кој приоѓа извонредно креативно кон работата, со многу енергија и професионалност само за да го освои светот со мириси. Тој има свој свет кој е полн со контрасти и затоа го сакам“, изјави извршиот директор на Диор, Лоран Клајтман.

По својот прв парфем, Куркџијан продолжи да работи за големи дизајнерски брендови како „Acqua di Parma“, „Narcissus Rodriguez“, „Elizabeth Arden“, „Giorgio Armani“ и „Lancôme“ пред да основа свој бренд во 2009 година. Осум години подоцна, компанијата беше купена од матичната компанија на Диор, LVMH. Во текот на неговата кариера, тој исто така оствари бројни соработки со познати уметници како Софи Кал и Кристофер Рицо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Beauty Official (@diorbeauty)

Но, ова не е прва средба на Куркџијан со Диор. Имено, тој создаде дури два парфеми за нив – „La Collection Privée – Eau Noire“ и „Cologne Blanche“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cédric J (@cedriceccentric)

„Чест ми е да се придружам на куќата „Кристијан Диор“, која има богата историја и креативен дух насочен кон иднината. Воодушевен сум што можам да ја споделам мојата визија со создавање парфеми за „Диор, тоа“ е многу голема привилегија”, изјави Куркџијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Beauty Official (@diorbeauty)

Видео на денот