Нова ера во мак-кошарката, Пелистер го декласираше Работнички!

Фото: Димитар Петковски/kfsm.mk

Екипата на Пелистер е најдобрата во Македонија во овој прв дел од сезоната, макар и некомплетен, со половина од бројот на одиграните мечеви во 10 одиграни кола.

Го докажаа тоа момците кои од клупата ги предводи тренерот Марјан Илиевски таму каде што треба.

Во Скопје, против најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, и единствениот тим покрај нив, кој до ова официјално, десетто одиграно коло, беше без пораз.

Беа убедливи, дури и повеќе од тоа против Работнички (81:105), за беспрекорни „шест од шест“. И петта „стотка“ во шест одиграни натпревари досега за битолчани.

Капитенот Трајковски во триумфот постигна 26 поени (девет скока, пет асистенции), следен од Малешевиќ со20 поени (шест скока). На спротивната страна Балмазовиќ реализираше 32 поени (шест скока).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО

Работнички – Пелистер 81:105

МЗТ Скопје Уни Банка – Академија ФМП 88:77

Вардар – Еуро Никел 2005 68:94

ТФТ – Гостивар 81:73

МЗТ Скопје Аеродром – Црн Дрим Грин мобиле 104:67

ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР

Кожув – Куманово 2009

ТАБЕЛА: Пелистер 12 (-4), Академија ФМП 11 (-3), Еуро Никел 2005 10 (-4), ТФТ 10 (-4), Гостивар 9 (-4), Работнички 9 (-5), Куманово 8 (-5), Црн Дрим Грин мобиле 8 (-3), Вардар 7 (-4), МЗТ Скопје Аеродром 6 (-6), МЗТ Скопје Уни Банка 6 (-5), Кожув 3 (-7)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот