Нова ера во градоначалничката фотелја на Истанбул

EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Градоначалникот на Истанбул, Мевлут Ујсал, вчера му ја предаде функцијата за градоначалник на кандидатот на Републиканската народна партија – ЏХП, Екрем Имамоглу, откако го прими мандатот од страна на провинциската изборна комисија на Истанбул.

Пребројувањето на неважечките гласови во Истанбул, по неколку приговори на владејачката партија, заврши вчера, односно 17 дена по изборите одржани во 31 март со што опозцискиот кандидат, Екрем Имамоглу ги доби изборите со тесна разлика од 0.2% во однос на Бинали Јилдирим од партијата на Ердоган.

„Најпрво сакам да напоменам дека јас мандатот за градоначалник на Истанбул го преземав во име на целото население од 16 милиони луѓе. Ја доживувам среќата и гордоста да ја преземам функцијата во име на сите сограѓани без ничија разлика и без ничија надмоќност.“ се обрати Имамоглу пред големиот број симпатизери по преземањето на функцијата од Ујсал.

Инаку светската културна метропола минатите 25 години беше во рацете на Ердоган и неговите претходници уште од времето кога тој беше градоначалник на Истанбул во деведесеттите години.

Со поразот на владејачката партија во Истанбул и во неколку поважни метрополи на овие избори за градоначалник, се очекува нова ера на политичката сцена во Турција. Останува да се види како ќе се одвиваат политичките случувања во наредниот период во кој што претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, најавува реализација на многу големи проекти  до 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот