Нова ера на односи помеѓу Израел и Турција

Фото: Profimedia

Израел и Турција денеска договорија отпочнување на подобри односи, соопшти канцеларијата на поранешниот и најверојатно на идниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор ветија дека ќе соработуваат на иницирање на нова ера помеѓу двете држави.

Во соопштението се наведува дека Ердоган покажал подготвеност за поправање на односите.

Односите помеѓу Турција и Израел за време на владеењето на Нетанјаху беа нарушени поради честото повторување на војните против милитантната Влада на Хамас во Појасот Газа и нападот на израелската армија врз палестинската флотила во истата област во 2010 година. Ердоган отворено ја критикуваше политиката на Израел кон Палестинците, а Израел пак се спротивстави на прифаќањето на Хамас од страна на Турција.

Сепак, по државната посета на израелскиот претседател Исак Херцог на Турција во март и други знаци на подобрување на односите, двете земји се согласија да разменат амбасадори и тие сè уште споделуваат одредени стратешки интереси, вклучително и „смирувањето на Иран”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот