Нова драма во Чешка: Земан успеа да направи инцидент во болницата

Милош Земан/ Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешките постизборни политички превирања добија ново продолжение, откако собранискиот спикер без дозвола од доктор, го посетил болниот чешки претседател Милош Земан, пренесува Гардијан.  

Радек Вондрашек, претседателот на Претставничкиот дом, го посетил претседателот Милош Земан без согласност од лекар, објави Централната воена болница во Прага.  

Полицијата соопшти дека телохранителите на претседателот ќе преземат чекори за да дозволат посети само со дозвола на лекар. 

Инцидентот предизвика гнев во земјата каде што ситуацијата ескалираше по нерешените парламентарни избори минатиот викенд и хоспитализацијата на 77-годишниот претседател од се уште непознати причини. 

Земан е сојузник на Бабиш и игра клучна улога во одредувањето што ќе се случи, бидејќи треба да се назначи нов мандатар.  

Но, не се знае многу за неговата здравствена состојба откако во понеделникот беше примен во болница, ден по изборите, што ја зголеми политичката неизвесност.  

Опозициските пратеници ја критикуваа политиката на неговата канцеларија за заштита на неговата приватност, барајќи да биде јасно дали тој воопшто може да настапи повеќе.  

Сопругата на Земан, Ивана, во емотивното обраќање пред медиумите во четвртокот рече дека неговото лекување на интензивна нега ќе потрае, но таа не кажа што се случило со него.  

Таа додаде дека сите шпекулации за неговата дијагноза и прогноза се „многу неетички“. 

Вондрачек, претседателот на парламентот, рече дека претседателот бил добро расположен кога го видел, па дури и цитираше извадок од неговата омилена книга.  

Земан е претседател од 2013. Пред тоа, тој беше премиер од 1998 до 2002 година. Тој боледува од дијабетес и е во инвалидска количка поради нервна болест. 

Хоспитализиран претседателот на Чешка од засега непознати причини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот