Нова демократија води пред СИРИЗА-Мицотакис бара оставка од Ципрас

Опозициската Нова демократија води на европските избори во Грција, со 9 проценти предност во однос на владејачката СИРИЗА, според првичните официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, заклучно со 22 часот по локално време, јави МИА од Атина.

Според досега преброените гласови, Нова демократија има 32,08 проценти, СИРИЗА 24 проценти, Движење на промена 7,8 проценти, Комунистичка партија на Грција 5,5 проценти, Златна зора 4,9 проценти, Грчко решение (Велопулос) 4,01 процент, Мера25 (Варуфакис) 2,9 проценти, додека останати партии освоиле 17,86 проценти.

Според овие резултати, седум партии добиваат свои претставници во Европскиот Парламент.

Излезноста на евроизборите според досегашните податоци било 56,50 отсто.

– Грција има потреба од нова влада, со свежа доверба од грчкиот народ што ќе ја гарантира стабилноста, но и нејзината перспектива во оваа критична околност. Премиерот мора да ја преземе неговата одговорност, за доброто на земјата треба да си даде оставка, а земјата да оди на национални избори колку е можно побргу. Ова на крај е единственото чисто решение. Грција не може да чека повеќе не може континуирано да отстапува, рече лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кусо откако беа соопштени првичните резултати од европските и локалните избори, според кои неговата партија има сигурна предност во однос на СИРИЗА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот