Нова демократија предлага истрага за поранешниот алтернативен министер за правда

Пратеничката група на Нова демократија ќе предложи формирање специјална парламентарна комисија за спроведување прелиминарна истрага за поранешниот алтернативен министер за правда на Грција, Димитрис Папангелопулос за негова наводна интервенција во случајот Новартис, но не и за поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, jави дописничката на МИА од Атина.

Секретарот на пратеничката група на Нова демократија, Ставрос Калафатис рече дека „како што беше очекувано, она што некои го сметаа како најголем скандал од формирањето на грчката држава, сега пропаѓа” и додаде дека е време „креаторите на овој мрачен случај да дадат објаснувања”.

– Од едноставно читање на податоците од предметот, произлегува дека постојат јасни знаци за нелојални интервенции на господинот Димитрис Папагелопулос во судството, објаснува Калафатис.

Прочитајте и...  Манчевски за 5Г мрежата: Лажните вести имаат непроценлива штета, особено во вонредни ситуации

Генералниот секретар на владејачката Нова демократија, објасни дека согласно постоечките податоци од предметот, нема да побараат прелиминарна истрага и за поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

– Станува збор за свесен избор на одговорна политичка партија, според која не можат да им се припишуваат обвинувања на поранешни премиери, освен ако не постојат неоспорливи докази. Во спротивно, се труе политичкиот живот на земјата, рече Калафатис.

Предлогот на Нова демократија за формирање специјална парламентарна комисија која ќе спроведе прелиминарна истрага за поранешниот алтернативен министер за правда на Грција, Димитрис Папангелопулос, ќе се разгледа на пленарна седница, веројатно по враќањето на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Њујорк, кој в недела заминува на Генералното собрание на ОН.

Прочитајте и...  Република Српска прогласи вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот

По обвинувањата на политичари и судии дека случајот со фармацевтската компанија Новартис е наместен, обвинителството на Врховниот суд на Грција, спроведе истрага, состави предмет и случајот го достави до Парламентот, каде што вчера беше соопштен пред пратениците, а се однесува на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и поранешниот алтернативен министер за правда на Грција, Димитрис Папангелопулос, согласно Уставот и законот за „Кривична одговорност на министрите”

Поранешниот алтернативен министер за правда од владата на СИРИЗА, за кој ќе се отвори истрага, минатата година во изјава за медиумите случајот со фармацевтската компанија „Новартис” го оцени како еден од најголемите скандали во Грција.

Тогаш, осомничени за вмешаност и корупција беа поранешни министри и премиери на Грција, а за дел од нив, предметите веќе се затворени

Прочитајте и...  Во Бугарија од Ковид-19 починаа седум луѓе

Прочитај повеќе

Поради хаос во државата, владата на Шпанија воведува нови мерки

Во Франција во изминатите 24 часа регистрирани 319 нови смртни случаи

МИА Агенција

АВМУ ќе донира дополнителни финансиски средства за опожарената ТВ Вис

Ангеловска: Се подготвува вториот сет мерки

МВР: Дури 263 лица не го почитувале полицискиот час

Во Бугарија од Ковид-19 починаа седум луѓе

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Трамп нема да го затвори Њујорк

МИА Агенција

Жбогар: Нема враќање назад, преговарачкиот воз замина од станицата и вие сте во него

МИА Агенција

Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот

МИА Агенција

Во Африка 2.650 луѓе инфицирани со Ковид-19

МИА Агенција

Во Црнa Гора вкупно 84 лица инфицирани со Ковид-19

МИА Агенција

Денеска сончево со умерена облачност

Горан Наумовски