Нова дебата за ребалансот на Буџетот

Пратениците денеска четврти ден ќе дебатираат за Дополнетиот предлог на ребаланс на Буџетот за 2019 година.

Во него, вкупните приходи се проектирани на 210,5 милијарди денари, а вкупните расходи се утврдени на износ од 228,2 милијарди денари. Дефицитот останува непроменет и е позициониран во износ од 17,7 милијарди денари. Со ребалансот се предвидува намалување на приходната и расходната страна за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5 отсто. Буџетскиот дефицит се задржува на ниво од 2,7 отсто, а ревидирана е проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто.

Во изминатите три дена дебатата околу ребалансот на Буџетот се одвиваше во меѓусебни обвинувања меѓу пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ околу тоа колкава е реализацијата на капиталните инвестиции, бројот на странски инвеститори, успешноста на проектот „МојДДВ”…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот