Нова цена на струјата за два месеца

струја струјомер
Струја/ Фото: МИА

Новите цени на енергенсите ќе се носат пролонгирано, а новата цена на струјата ќе се знае за два месеца. Поради вонредната состојба во која до неодамна беше земјата, Регулаторната комисија за енергетика, на барање на енергетските компании, направи промена на правилниците за електрична енергија, природен гас и топлинска енергија.

„Вонредната состојба заврши, со што се создадени сите предуслови во кои роковите отпочнуваат да течат за определување максимален приход, просечни тарифи за пренос и дистрибуција на електрична енергија, организирање и управување со пазарот на електрична енергија, како и определување на цената на електрична енергија по којашто се врши нејзина продажба на домаќинствата и малите потрошувачи. Истото важи друштвата за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Се очекува овој процес да заврши најдоцна во следните два месеца, кога ќе биде известена и јавноста“, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Енергетските компании побарале да се пролонгираат роковите за да има простор да ги достават дополнителните барани анализи на состојбата, по што се направени измени во правилниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот