Нова „бомба“ на Фејсбук: Шекеринска бара ДИК принципелно да гласа за Центар?

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

На социјалните мрежи се појави нова т.н „бомба“ од Ел Чека. Станува збор за нелегално прислушкуван разговор во кој, според објавувачот, може да се слушне гласот на сегашната министерка за одбрана и вицепремиерка Радмила Шекеринска, и Фатмир Бесими, поранешен вицепремиер за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Се верува дека станува збор за разговор од 2013 година за време на локалните избори, а женскиот глас на снимката кој се претпоставува дека е Шекеринска, бара од соговорникот нивниот човек во Државната изборна комисија „принципелно да гласа по однос на изборната победа на опозицијата во Центар и Куманово“. Се додава дека доколку има прогласување секаде каде што победува тогашната опозиција, тоа го загрозува извештајот за Македонија.

На локалните избори во 2013 година имаше прегласување во Центар и во вториот круг победи Андреј Жерновски.

Се очекува официјална реакција на министерката за одбрана по објавениот аудио-разговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот