Нова аудио снимка меѓу Николоски и Јанакиески: „Има два авиони Шиптари, да направите една сообраќајна несреќа“

На јутјуб каналот „Обнова на режимот“  објавена е нова аудио снимка од поранешен и актуелен кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој пат се работи за снимка од разговори меѓу Миле Јанакиески и Александар Николоски, кој е актуелен носител на пратеничката листа во изборната единица четири, на ВМРО-ДПМНЕ.

Во разговорот се слуша како Јанакиески му предлага на Николоски да се направи сообраќајка кај Пресека, односно помеѓу општината Дебарца и Охрид каде што се наоѓа и охридскиот аеродром, бидејќи како што се слуша од снимката, слетувале два авиони со Албанци. Со ваквата идејата се согласува и ја прифаќа Александар Николоски.

„Кажи шефе“, вели Николоски, по што Јанакиески му кажува: „Александар, слушај сега, идеја со Горде ја зборевме“, а Николоски вели: „Ајде“. Јанакиески продолжува: „Има два авиони Шиптари, следуваат сега во четири, четири и пол. Да направите една сообраќајна несреќа кај Пресека, ситна? Да се …. коли, па МВР увид, ваму-таму. Трактор да се испреврти нешто, сериозно ова ти го зборам“, а Николоски одговара: „Немам ништо против, нека се јави Горде на овие нејзиниве од МВР, ќе се организира таа работа. Не ми е проблем“. Јанакиески продолжува: „… не може некој од членство да излези да чукне некој, трактор со кола, пополека?“, а Николоски одговара: „А да му речам на … од Кичево да организират?“. Јанакиески одговара: „Јави му се на … од Кичево, ама негде накај Охрид нека направи ајде“. Николоски вели: „Океј, кога слетуват авионот?“, по што Јанакиески одговара: „Во четири“.

Ваков разговор беше презентиран и во предметот „Титаник“ за изборни измами. На рочиштето пред две години, се слушаа предлозите од Јанакиески и Јанкулоска, меѓу кои и на денот на изборите, 24 март 2013, некој од членовите да преврти трактор на патот или пак да се истури песок од камион за тотално блокирање на патот бидејќи, како што велат, Албанците од аеродромот оделе со автомобили, а не со автобуси.

Снимката може да ја слушнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот