Нова АТП листа: Синер има двојно повеќе бодови од Ѓоковиќ
Јаник Синер не само што потврди дека е без конкуренција во 2024 година, туку и ја зголеми предноста пред своите ривали на АТП листата.
Италијанскиот тенисер во финалето на последниот Грен слем турнир во сезоната во три сета го победи Тејлор Фриц и со тоа по Австралија опен го освои трофејот и на САД опен.
Синер има две Грен слем финалиња во кариерата и две победи. Погледот на АТП листата по турнирот во Њујорк е таков што 23-годишниот Италијанец со нови 1.820 поени (одбрани само 180 од 2023 година) е убедливо прв со вкупно 11.180 поени.
Минатогодишниот победник на САД опен, Новак Ѓоковиќ, поради раната елиминација загуби 1.900 поени, а тоа го чинеше пад од второто на четвртото место на светската ранг-листа. Ѓоковиќ има 5.560 поени или двојно помалку од лидерот.
На второто место сега е Александар Зверев (7.075 поени), додека Карлос Алкараз остана на третото место со 6.690 поени. Финалистот на турнирот во Њујорк, Фриц, напредуваше од 12-та на седмата позиција.