НОВА АНКЕТА ВО ХРВАТСКА: Еве како би завршиле пресметките во вториот круг на претседателските избори

Фото: Принтскрин ХРТ

Објавен е вториот дел од истражувањето ХРејтинг кое го спроведува агенцијата Промоција Плус, а го објавува ХРТ.

Во оваа анкета се истражувало како би завршиле пресметките помеѓу претседателските кандидати во вториот круг на претседателските избори во Хрватска.

Пресметка Колинда и Милановиќ

Во однос на истражувањето од минатиот месец, редоследот на кандидати е идентичен, но трендот на пад на поддршката на кандидатката на ХДЗ и порастот на кандидатот на СДП продолжува и во октомври. Иако во однос на септември таа изгубила повеќе од 3% (3,31%) поддршка на гласачите, актуелната претседателка, ако изборите се одржале вчера, би го освоила вториот мандат. Колинда Грабар-Китаровиќ добила 49%, а Зоран Милановиќ 44,1% од гласовите.

Пресметка Колинда и Шкоро

Пресметката помеѓу Колинда Грабар-Китаровиќ и Мирослав Шкоро би завршила исто како пресметката помеѓу Грабар-Китаровиќ и Милановиќ, со отприлика еднакви резултати. Кандидатката на ХДЗ во вториот круг би го победила Мирослав Шкоро. Резултатот би бил: 49,4% за Грабар-Китаровиќ и 44% за Мирослав Шкоро. Поддршката на Шкоро во однос со септември значително пораснала (2,35%) од поддршката за актуелната претседателка (0,21%).

Пресметка Милановиќ и Шкоро

Иако во однос на минатиот месец, поддршката за Милановиќ малку повеќе пораснала отколку за Шкоро, при оваа комбинација Шкоро излегува како победник. Да беа одржани изборите вчера, тој би добил 3,3% повеќе гласови. Така Шкоро би освоил 49,5%, а Зоран Милановиќ 46,2%.

Анкетата за ХРТ ја спровела агенцијата Промоција Плус од 14 до 18 октомври при анкетирање на 1400 испитаници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот