НОВА АНКЕТА: Паѓа рејтингот на Колинда, Милановиќ се доближува

Резултатите од истражувањето, кое за РТЛ ги извршила агенцијата Промоција плус за преференциите за кандидати за претседател на Хрватска покажуваат дека актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и понатаму е прв избор, но по објавата на кандидатурата бележи мал пад на рејтингот, со оглед на тоа дека податоците почнале да се собираат ден пред нејзината кандидатура и следните три дена.

Да се одржуваат сега претседателските избори, Колинда Грабар-Китаровиќ би ја заокружиле најмногу гласачи, односно 29,8 отсто (30,2 отсто во септември), што е за пола отсто помалку од минатиот месец. Предноста во однос на Зоран Милановиќ се намалува, бидејќи тој бележи мал раст. За него би гласале 25,6 отсто од испитаниците (25,5 отсто во септември). Но, не заостанува многу ниту Мирослав Шкоро. Иако запре растот, за него би гласале 19,1 отсто (19,2 отсто во септември). Мислав Колакушиќ, кој се огласува исклучиво на социјалните мрежи, додатно се одалечи. Така, во октомври бележи значаен пад за три отсто во однос на септември. Сега го бираат 6,4 отсто од испитаниците (9,3 во септември).

Според гласачкото тело, 80 отсто од поддржувачите на ХДЗ се очекувано за Грабар-Китаровиќ, но и понатаму 15-тина отсто го бираат Шкоро. И покрај тоа што партијата службено го подржа Шкоро, помалку од половина од нивните подржувачи планираат да гласаат за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот