Нов земјотрес во Сисак, велат бил како топовски удар

Подрачјето на Сисачко-мословската жупанија вечерва во 21.47 часот го погоди нив земјотрес со магнитуда од 2,9 степени по Рихтер.

Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот на потресот бил кај Глина, 17 километри од Сисак и на длабочина од 8 километри.

Едно лице од Петриња овој потрес го опиша „како топовски удар“, додека други го доживеале како послабо тресење.

„Самошто помислив дека е доста, тоа пак удри“, заклучува еден жител на Петриња.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот