Нов Зеланд се спреми за животот во локдаун, луѓето ги испразнија продавниците

Ковид состојба во Австралија/Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Улиците на градовите во Нов Зеланд денеска се преполни од луѓето кои се спремаат за локдаунот кој ќе трае наредниве 3 до 4 дена, а во најголемиот град Аукланд тој ќе трае една недела, пренесува Ројтерс

Нов Зеланд беше без случај на Ковид-19 повеќе од шест месеци, но откако пред неколку дена беше соопштен првиот случај на Ковид-19 во земјата, премиерката Јасинда Ардерн веднаш повика на затварање на границите и целосен локдаун во земјата.

Денекса премиерката потврди дека новозаразениот пациент бил заразен со делта сојот.

„Нашата реакција е секогаш иста, да одиме силно од почеток, бидејќи е многу полесно отколку да одиме постепено и на крај да имаме подолг локдаун“ кажа Ардерн обраќајќи се на Фејсбук.

Луѓето деновиве во паника ги празнат маркетите и продавниците, снабдувајќи се со продукти бидејќи во следните денови нема да бидат во можност тоа да го направат.

Училиштата и голем број на бизниси својата работа ќе ја вршат онлајн.

Нов Зеланд поради еден нов случај на Ковид-19 воведува локдаун

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот