Нов Зеланд: Оукланд губи 22 милиони долари дневно поради карантинот

Фото: britannica.com

Градоначалникот на Оукланд, Фил Гоф денеска ги повика жителите да се вакцинираат, откако најголемиот град на Нов Зеланд за време на викендот влезе во четвртата блокада од почетокот на пандемијата на ковид-19, а загубите на градот поради рестриктивните мерки се речиси 22 милиони долари на ден.

Премиерката Џасинда Ардерн воведе седумдневна блокада на градот со два милиона жители поради еден случај на коронавирусот, нагласувајќи дека „подобро е да се спречи отколку да се лекува”.

Поради ваквиот пристап, многу светски експерти му оддадоа признание на Нов Зеланд за еден од најдобрите начини да се одбранат од коронавирусот во светот. Сепак на некои граѓани не им се допадна последната блокада и ја критикуваа одлуката на социјалните мрежи.

Фил Гоф рече дека градот ќе изгуби околу 200 работни места и 21,7 милиони долари на ден поради блокадата.

– Приоритет мора да ни бидат вакцини во Оукланд со цел да се спречат идни блокади, да се заштитат работните места и приходите и да се осигура дека Оукланд може да учествува во економското закрепнување на земјата, рече Гоф.

Според последната блокада, спортските и културните настани се откажани или одложени, а дојде и до сообраќаен колапс бидејќи луѓето во петокот при враќањето дома од работа мораа со часови да поминуваат низ полициски контролни пунктови.

Од почетокот на пандемијата, Нов Зеланд регистрира повеќе од 2.000 случаи на ковид-19, и 26 починати од болеста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот