Нов Зеланд може целосно да го забрани пушењето за родените после 2004 година

Нов Зеланд разгледува серија мерки насочени кон забрана за пушење, вклучително и радикална иницијатива со која ќе се забрани продажба на тутун на цела генерација.

Со новиот национален акциски план Нов Зеланд сака постепено да ги зголемува законските старосни граници за пушење, што може да се прошири до забрана за продажба на цигари и производи од тутун на сите родени по 2004 година, што би го направило пушењето нелегално за таа генерација .

Поддржувачите на иницијативата бараат значително намалување на нивото на никотин дозволено во тутунските производи и ограничување на локациите на кои тие можат да се продаваат. Владата, исто така, ќе пропише минимална цена на тутунот и цигарите. Мерките имаат за цел да ја отстранат употребата на тутун во земјата, претворајќи го Нов Зеланд во „зона ослободена од пушење” до 2025 година.

Министерството за здравство на Нов Зеланд објасни дека и покрај тоа што стапката на пушење паднала во последните неколку децении, останува уште многу да се направи за да се намали употребата на тутун, „особено меѓу Маорите, пацифичките народи и оние кои живеат во нашите најмалку развиени заедници”.

Новозеланѓаните се поканети да дадат повратни информации за акциониот план објавен вчера. Граѓаните ќе можат да ги споделат своите размислувања за ова прашање до 31 мај пред да влезат во следната фаза на правната постапка.

Помошникот министер за здравство Ајеша Верлал рече дека околу 4.500 Новозеланѓани годишно умираат од болести поврзани со тутун и дека владата е посветена на „забрзување на напредокот” во борбата против пушењето, пишува Вечерњи лист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот