Нов Зеланд: И покрај „локдаунот“ заразата и натаму се шири

Ковид-состојба во Нов Зеланд
Ковид-состојба во Нов Зеланд / Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS

Владата на Нов Зеланд го продолжи „локдаунот“ во целата земја најмалку до вторник, откако се зголеми бројот на заразени со коронавирусот.

Епидемијата на вирусот во Нов Зеланд, која неодамна повторно избувна по шест месеци, се прошири од најголемиот град Окленд до главниот град Велингтон.

Здравствените власти денеска соопштија дека трите лица во Велингтон што неодамна го посетија Окленд се позитивни.

Тие велат дека бројот на заразени се искачи на 31. Досега, Нов Зеланд успешно се бореше со епидемијата, а меѓу пет милиони жители од ковид-19 починаа само 26 луѓе.

Приближно 20 проценти од населението на Нов Зеланд е вакцинирано против коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот