Нов закон за ЈО, стари позиции!

Најголем камен на сопнување е во преодните и завршните одредби каде се решава судбината на истрагите, на трансферто на предметите од СЈО и на натамошната работа на обвинителите.

Законот за ЈО е важен затоа што ја решава судбината на предметите од СЈО и со него се отвора патот на процесуирање на истрагите кои на некој начин беа замрзнати со начелниот став на врховниот суд, вели новинарката Гордана Дувњак во емисијата „Седма сила“ на Слободен печат.
-Имаме нова верзија, но стари позиции. Имам чуство дека ВМРО ДПМНЕ ги турка во преден план забелешките на експертите, но она што паѓа во очи е дека најголем камен на сопнување се во преодните и завршните одредби каде се решава судбината на истрагите, на трансферот на предметите од СЈО како и на натамошната работа на обвинителите, вели Дувњак.

Дискутабулно е дали отпорот е намера да се вратат старите начини на функционирање на ЈО.
Според Васко Маглешов врската на политиката со првите луѓе на ЈО мора да се пресече затоа што покажува неотпорност на влијанија.

-Во времето на Марко Зврлески сите предмети и пријави од страна на тогашната опозиција биле заведувани под „Разно“. Од 73 предмети колку што преземало СЈО за ниту еден нема отворено истрага или дури биле затворени со резолуција. СЈО отвори истраги за 53 од кои 22 се преточија во обвиненија за кои има активни судења, тврди Маглешов.

Целата дебата погледнете ја овде:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот