Нов закон: Ако навредувате некого на интернет, ќе го откријат вашиот идентитет!

Фото: Профимедиа

Австралија ќе воведе закон што ќе ги принуди главните социјални медиуми да даваат детали и податоци за корисниците што објавуваат клеветнички коментари, изјави во саботата премиерот Скот Морисон.

Владата го разгледува степенот на одговорност на платформите како што се Твитер и Фејсбук за клеветнички материјал, објавени на нивните сајтови.

Ова доаѓа откако највисокиот суд во земјата пресуди дека издавачите можат да бидат одговорни за јавните коментари на форумите на интернет.

Пресудата поттикна некои медиумски компании, како што е Си-ен-ен, да им го ускрати на Австралијците пристапот до нивните фејсбук-страници.

„Светот на интернет и на социјалните мрежи не треба да биде Дивиот Запад, каде што ботови, фанатици, тролови и други анонимно обиколуваат и можат да им наштетат на луѓето. Тоа не може да се случи во реалниот свет, така што нема причина да се случи ниту во дигиталниот свет“, рекол Морисон на брифингот за телевизиските вести.

Новиот закон ќе воведе механизам за жалба.

Ако некој мисли дека е клеветен, малтретиран или нападнат на социјалните мрежи, ќе може да бара платформата да го отстрани материјалот.

Ако содржината не се повлече, тужбата би можела да ја принуди платформата на социјалните мрежи да даде детали за коментаторот.

„Дигиталните платформи мора да имаат соодветни процеси за да овозможат отстранување на оваа содржина. Тие создадоа простор и мора да го направат безбеден, а ако не го направат тоа, ние ќе го направиме преку ваквите закони“, рекол Морисон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот