Нов упад во домот на Ријана: Луксузниот автомобил на пејачката украден од пред врата

Фото: Anthony Behar / PA Images / Profimedia

Луксузниот автомобил од марката Ауди на Ријана е украдено од нејзиниот дом. Автомобилот на пејачката бил украден во неделата, само неколку дена подоцна од инцидентот кога непознат човек се појави пред нејзиниот дом сакајќи да ја запроси.

Ријана / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Аудиото кое вреди 37 илјади долари, а кое го служел личниот возач на пејачката, било украдено откако Ријана го оставила „запалено“ во нејзниот двор, излегувајќи од него да земе нешто од домот. Полицијата веќе активно работи на случајот, пишува „TMZ“.

Ријана на Супербол / 12 февруари 2023 / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Што се однесува пак, до непознатиот маж кој неодамна влезе на нејзинито имот со цел да ја запроси ѕвездата, тој веќе е ослободен од истражителите, кои сметаат дека нема докози за никаков законски прекршок.

Сега, останува полицијата да продолжи со истрагата за украдениот автомобил.

 

ФОТО | Бизарна драма: Маж упаднал во домот на Ријана и сакал да ја запроси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот