Нов „удар“ врз Ѓоковиќ: Тој го брка 21 грен слем, но поважно му е да биде невакциниран!

И натаму е нејасно дали Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од „Австралија опен 2022“/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Коронавирусот е тема која продолжува да влијае на поголемиот дел од светската тениска публика, не се работи само за вакцинацијата, туку и за задолжителен карантин кој би се спроведувал во случај да се оди на некој познат турнир.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е најголемото име кое даде свое мислење за целата ситуација, без да открие дали е вакциниран. Воедно останува нејасно дали ќе се појави на првиот грен слем турнир „Австралија опен“ следната година во Мелбурн.

Во оваа прилика се огласи и поранешната најдобра тенисерка на светот, Американката Трејси Остин, коментирајќи токму околу ситуацијата со првиот светски рекет:

– Тој го брка својот 21 грен слем трофеј, рекорден, но претпоставувам дека ќе му биде поважно да остане невакциниран. Одлучно кажа дека не сака да се вакцинира. Претпоставувам дека ќе има можност да оди во Мелбурн и да се натпреварува по задолжителниот карантин.

Мислам дека тоа ќе оди малку потешко, бидејќи во 2021 година сите беа во карантин, но оваа година има многу вакцинирани играчи, кои не би морале да поминуваат време во изолација – рече Остин во интервјуто за „Tennis Channel“.

ФОТО: Најлудиот фан на Ѓоковиќ, ја истетовира најголемата траума на Федерер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот