Нов убедлив пораз на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје доживеа нов убедлив пораз и на вториот финален натпревар во АБА -2 лигата, овој пат со 23 поени разлика (95:72) од екипата на Приморска.

Домашниот тим повторно беше подобар во сите елементи на играта и заслужено на крајот дојде до висока победа. Избраниците на Ѓорѓи Кочов постојано го бркаа резултатот, но ниту еднаш не успеаја да го загрозат водството на словенечкиот тим.

Медфорд со 22 поени беше најпрецизен кај тимот од Аеродром, додека по 10 постигнаа Вудард и Самарџиски. Чакарун со 26 поени беше најдобар за победничкиот тим, додека Јагодиќ мечот го заврши со 17 поени.

Екипата на Приморска води со 2:0 и се наоѓа на само една победа од пласман во АБА лигата. Наредниот натпревар се игра во спортскиот центар „Јане Сандански“ в четврток, а доколку МЗТ Скопје победи, тогаш на петти исто така во Скопје ќе се одигра и четвртиот натпревар.

Прочитајте и...  Малдини: Доколку имаме шанси, Милан ќе се засили во јануари!

Поврзани вести

Победнички старт на Ѓоковиќ на турнирот во Виена

Слободен печат

Претседателот на ФИФА позитивен на коронавирус

Слободен печат

Објавена листата на најбрзи фудбалери, Мбапе нема конкуренција

Слободен печат

Мурињо во елемент: Во Тотенхем нема место за примадони

Слободен печат

Барселона поради Бартомеу не го донесе Халанд пред три години, го избркал директорот кој договарал трансфер

Слободен печат

За да не загуби 500 милиони долари, сезоната во НБА ќе стартува пред Нова година

Слободен печат

Остави Коментар