Нов убедлив пораз на Металург

фото: РК Металург

Екипата на Металург доживеа нов висок пораз на турнирот “Куп на Гувернерот“ во Чехов, Русија. Овој пат поуспешен од „металурзите “ беше силниот тим на Мешков Брест кој славеше со 38:26.

Едиснтвеното водство на Металург беше на самиот старт (1:0), додека во останатиот дел од средбата контролата врз резултатот ја имаше тимот од Белорусија.

Најпрецизен во тимот на Металург беше Додиќ со пест постигнати голови, Поповиќ даде пет, а Кбилашвили четири пати ја тресеше мрежата на противничките голмани.

Металург утре го игра последниот натпревар на турнирот во Русија против екипата на Стеауа (13 ч.).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот