Српскиот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ/фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Нов трипл-дабл на Никола Јокиќ во победата на Денвер над Далас

Кошаркарите на Денвер во натпреварот од НБА лигата го совладаа Далас со конечен резултат 118:99.

Играчите на Денвер му го нанесоа вториот последователен пораз на Далас во НБА, а во победничкиот тим се истакна српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој забележа нов трипл-дабл учинок.

Претходниот меч меѓу двата клуба се одигра во неделата во Далас, а Денвер победи со резултат 112:101.

Јокиќ за 29 минути на теренот запиша 10 поени, 14 скока, 10 асистенции. Ова беше негов 16-ти трипл-дабл сезонава.

Најефикасен за Нагетс беше Џамал ​​Мареј со 45 поени. Кај Маверикс најдобар беше Даниел Гафорд со 13 поени, а Наџи Маршал и Кајри Ирвинг постигнаа по 11.

Денвер е на четвртото место во Западната конференција на НБА со 24 победи и 15 порази, додека Далас е шести со биланс 22-18.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот