НОВ ТРЕНД ВО ДИЕТИТЕ: Знаете ли што е пеганска исхрана?

Фото: Профимедиа

Не, немаме печатна грешка во насловот, новата диета која го освојува светот се вика пеганска диета и е комбинација на палео и веганска исхана.

Исто така ниту овој факт не е погрешен, дури и покрај тоа што веганската и палео исхраната се спротивни една на друга. На прв поглед се чини невозможно да ги комбинирате, но поентата на исхраната е исклучувањето на мааните на секоја од двете исхрани.

Диетата се базира на цели житарици, свежа храна, многу овошје и зеленчук и речиси целосно исклучување на храна со адитиви.

Правила:

Дозволени се овошје, зеленчук и житарици, а забранети се процесирани јаглехидрати и шеќери. Консумирајте овошје со низок гликемиски индекс.

Овошјето и зеленчукот треба да зафаќаат 50-70% од диетата. Потемниот зеленчук е поздрав. Избегнувајте ги скробните зеленчуци, а ако можете и целосно исклучете ги.

Мастите внесувајте ги преку јатки, риба, авокадо и маслиново масло.

Месото сочинува 25% од целосниот оброк.

Млечните производи се забранети, освен повремено мали количини од козјо или овчо млеко.

Житариците се дозволени, освен оние кои содржат глутен.

Избегнувајте мешунки, а исто и шеќер. Заменете го со јаворов сируп или кокосов шеќер.

Адитивите морате да ги исфрлите целосно од исхраната. Мора да се храните што поприродно и поорганско. Протеините внесувајте ги преку јајца, а месото и рибата јадете ги повеќе како додаток, наместо како основа.

Досега не се забележани несакани ефекти од пеганската исхрана. Добро во нејзе е што е нискокалорична, но сепак заситува, што е клучно за одржување на здравјето и на витката линија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот