Нов тренд на Инстаграм: Не им е доволно што го фотошопираат задникот, сега и ова

profimedia

Многу познати личности се „обвинети“ за започнување на новиот тренд издолжување на прстите, за раката да изгледа послаба.

Необичниот тренд првенствено го започнале познатите личности од семејството Кардашијан/Џенер, а блогерката Сара Таскер предупредува зошто младите не би требале „слепо“ да го следат.

Instagram

 

Новиот инстаграм-тренд исплаши многумина, изгледа дека девојките ширум светот имаат совршени прсти на рацете, во што им помага фотошопот.

Сара споделила неколку фотки на кои се гледа дека рацете се ретуширани и дека прстите се значително издолжени.

„Мислам дека ова е најдобар доказ колку поимот за идеално тело на Инстаграм отишол далеку – генетски невозможен струк, нагласување на облините, а сега и прстите. Едноставно е претерано!“, напишала.

Profimedia

Тоа повлекува ново сериозно прашање – каква порака им праќаме на младите жени и девојки ако тие мислат дека природните линии на рацете и неправилната кожа се неприфатлива мана која мора да ја поправат?

Меѓу познатите личности кои имаат совршено мазни издолжени раце и прсти се Кајли Џенер, Клои Кардашијан, Селена Гомез и Скарлет Јохансон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот