Нов тренд кај идните невести: Дали ова ќе биде главниот аксесоар на венчавката? (ФОТО)

инстаграм

Жена која отворила бутик за венчаници кон почетокот на оваа година открила дека се повеќе од идните невести се распрашуваат за маски за лице кои совршено би им се вклопиле со венчаницата.

инстаграм

Оана Кејкак со потекло од Романија, веќе 13 години живее во Ирска каде го отворила „Angelo Bridal“ студиото за венчаници.

инстаграм

Со оглед на тоа што морала да го затвори бутикот на 2 месеци поради пандемијата од коронавирусот, пред повторно да го отвори таа го преуредувала излогот и сфатиле дека треба да почне да произведува свадбени маски, бидејќи за само половина час, дури 3 жени ја прашале дали продава и маски покрај венчаницата.

инстаграм

„Доколку во Ирска биде задолжително носењето маски, сигурна сум дека тие ќе им бидат потребни и на идните младенци, па затоа ќе се потрудам да ги креирам во склад со тоа што ќе го носат“, истакнува Оана.

инстаграм

Како што вели, голем број на венчавки се откажани и тоа во екот на пролетната сезона, а се надева дека со произведувањето на свадбените маски ќе може да влијае на идните младенци сепак да ги одржат венчавките со додатни, но модерни заштитни мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот