Нов транскрипт открива што Клинтон му рекол на Путин за Милошевиќ: Веројатно ќе ги искраде изборите

 Овие избори ќе бидат важни, но веројатно нема да бидат фер, му рекол американскиот претседател на Путин, тогаш нов руски претседател.

Некогашниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ кој во 2000 година по повеќе децении падна од власт, беше тема и на американската и на руската администрација, и тоа непосредно пред неговата судбина да се заврти за 260 степени, пишува Блиц.

Имено, во тоа време една од клучните фигури на светската политика, американскиот претседател Бил Клинтон, но и уште еден „играч“ кој самошто стапи на сцената, рускиот шеф на државата Владимир Путин, разговараа токму за тоа што би можело да се случи на тие избори, но и за НАТО бомбардирањето на СРЈ во 1999 година.

„Како се наближуваа изборите“, се наведува во текстот од транскрипт на кој се повикува Блиц, „Клинтон беше загрижен што Милошевиќ ќе ги лажира за да оствари победа“.

„Овие избори ќе бидат важни, но веројатно нема да бидат фер,“ му рекол американскиот претседател на Путин, тогаш нов руски претседател.

Тоа се случило на две и пол недели пред гласањето, наведува Форин Аферс,  повикувајќи се на неодамна отпечатените документи кои меѓудругото содржат и транскрипти од разговорите на Клинтон и Путин.

– Милошевиќ трча зад избирачките места, па изборите најверојатно ќе ги искраде. Веројатно би му било подраго да изгуби, но веројатно ќе направи тоа да не се случи, рекол Клинтон.

Путин, според достапниот транскрипт, ништо не рекол, но се пожалил на НАТО интервенцијата на СРЈ во 1999 година.

– Не сме консултирани за одлуката да се бомбардира Југославија. Тоа не е фер, одговори Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот