Нов топлотен бран: Пеколни горештини ширум Европа до крајот на неделава

Голем топлотен бран со температури меѓу 37 и 43 степени Целзиусови ја зафатија од денеска северозападна Европа. Се очекува намалување на температурите од петок.

Речиси сите реони на Франција се погодени од горештините, но не се очекува да биде „соборен“ температурниот рекорд од 46 Целзиусови степени од јуни во јужна Франција. Посебно е погоден Париз од новиот топлотен бран – за в четврток се очекуваат температури од 41 степен. Претходниот рекорд од 40,4 степени е од 1947 година.

Високи температури се очекуваат и во Германија. За регионот на Келн се прогнозираат 41 степен, а во провинцијата Сар се очекува да „падне“ рекордот од 2015 година од 40,3 степени.

Поради горештините посебно предупредување за опасно време е објавено во Белгија и во Холандија.

Велика Британија в четврток ја очекуваат во југоисточниот дел 37 Целзиусови степени, што е повеќе од досегашниот рекорд за јули од 36,7 степени и се доближува до апсолутниот температурен рекорд од 38,5 степени од август 2003 година.

Во Италија се очекува топлотен бран и поради тоа Министерството за здравство објави за утре опасност во Перуџа, Торино, Бреша и Болцано, додека „температурен аларм“ за в четврток има и за Џенова, Верона, Болоња, Рим, Пескара, Риети…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот