Нов тежок удар за Зидан, повреден и Јовиќ (ВИДЕО)

twitter.com/LaLigaBurro

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан во големи проблеми уште во летниот период, вистинска „болница“ што секако можеби не е добар знак во пресрет на новата сезона.

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го претрпеа еден од најтешките порази во историјата и тоа против градскиот ривал Атлетико кој славеше со дури 7:3.

Беше стартер против „јорганџиите“, но го напушти теренот само после половина час игра. Тој се судри со голманот на Атлетико, Јан Облак, и поради повреда на левиот глужд мораше да излезе и биде заменет од Карим Бензема.

Првите прогнози на шпанските медиуми не се баш најдобри, а „Марка“ пренесува дека станува збор за сериозна повреда. Се предвидува дека два месеци ќе биде надвор од терените.

Тоа е сигурно удар за младиот српски играч за кој се вложени огромни пари, како и нов голем проблем за Зидан кој останува без уште еден играч откако во минатиот дуел Марко Асенсио ги скина лигаментите на коленото и потенцијално би ја пропуштил целата сезона.

Претходно Брахим Диаз се здоби со повреда на коленото (аут еден месец), а во четвртокот од клубот соопштија дека новото летно засилување Ферланд Менди три-четири недели поради мускулна повреда на десната нога мора да паузира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот