Нов тежок испад на Брозовиќ, влегол во болница и ги нападнал лекарите

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Хрватскиот репрезентатиџвец Марсело Брозовиќ повторно се најде во центарот на нов скандал во Италија и повторно поради него мораше да интервенира полицијата.

Фудбалерот на Интер откако пред две недели остана без возачка дозвола поради возење во алкохолизирана состојба и поминување на црвено светло на семафор, Брозовиќ сега направи хаос во ургентен центар во болница во Милано.

Тој упаднал во болницата со 42-годишен пријател од Хрватска кој имал полесни повреди на ногата но се однесувал агресивно, пренесуваат италијанските медиуми.

На Брозовиќ не му се допаднало тоа што лекарите му рекле дека имаат поитни случаи од тој на неговиот пријател и дека ќе мора да почекаат, по што фудбалерот почнал да ги навредува лекарите и бил подготвен дури и физички да се пресмета со нив. Веднаш била повикана полиција која спречила поголем инцидент.

На крајот играчот на Интер им се извинил на лекарите и останатиот персонал во болницата како и на пациентите, но нема да се спаси од нова казна од клубот кој претходно му најави дека нема да толерира никакви испади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот