Нов терористички напад во Сирија: Убиени пет цивили

Фото: EPA-EFE/AHMED MARDNLI

Во самоубиствен бомбашки напад во сирискиот град Соуеиди пет цивили се убиени, а поврдени се 13 луѓе, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Официјални извори од Сирија потврдила дека починале неколку луѓе во бомбашки напад на самоубиец на мотоцикл во споменатиот сириски град.

Ова е прв самоубиствен напад во провинција во која живеат најмногу Друзи, откако тие почнаа офанзива против Исламската држава.

Исламската држава го загуби својот калифат пред три месеца откако беа протерани од сите сириски градови.

Во војната во Сирија за осум години загинале повеќе од 370.000 луѓе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот