Нов телефонски разговор Дендиас – Чавушоглу за ситуацијата на Самос и во Измир

ИЗМИР, Турција / 30 октомври 2020 / ФОТО: ABACA / Abaca Press / Profimedia

Взаемната понуда за помош, доколку биде потребно, ја повториле шефовите на грчката и турската дипломатија Никос Дендиас и Мевлут Чавушогу во нивниот, втор телефонски разговор по силниот земјотрес што ги погоди Самос и Измир, јави дописничката на МИА од Атина.

-Телефонски разговор меѓу МНР Никос Дендиас и турскиот МНР Мевлут Чавушогу околу ситуацијата во Измир и Самос. Ја повторија взаемната понуда за помош, доколку е потребно. Дендиас му се заблагодари за повикот и двајцата се согласија да останат во контакт, соопштија преку „Твитер” од Министерството за надворешни работи на Грција.

На синоќешниот втор повик му претходеше телефонски разговор по иницијатива на Дендиас, кој на неговиот турски колега му ја изрази подготвеноста на Грција да испрати спасувачки тимови во Турција.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вчера, телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да му изрази сочувство за трагично загубените животи во земјотресот што ги погоди двете земји.

-Без оглед на нашите разлики, ова се моменти кога нашите народи треба да бидат заедно, напиша Мицотакис на „Твитер”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот