Нов светски рекорд на Меклафлин, трет за една година

Сидни Меклафлин доминира на 400 метри со пречки/фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Олимписката шампионка Сидни Меклафлин славеше славеше на трката на 400 метри со пречки на изборното првенство на САД и тоа со време на нов светски рекорд.

Новото најдобро време на 400 метри со пречки изнесува 51,41 секунди, што е за пет стотинки подобро од претходниот светски рекорд кој исто така беше во нејзина сопственост и го постави за време на Летните олимписки игри во Токио минатата година.

Интересно е што пред настапот на Игрите во Токио, Меклафлин на изборното првенство на САД во Јуџин истрча исто така најдобро време во историјата на оваа дисциплина, 51,90 секунди.

За тоа колку е доминантна Меклафлин во својата дисциплина најдобро покажува податокот дека второпласираната на трката во Јуџин, Бритон Вуилсон имаше време од 53,08 секунди.

Сидни Меклафлин со соборувањето на сопствениот светски рекорд поврди дека е главен фаворит за златниот медал во оваа дисциплина на Светското првенство што за три недели ќе започне во Јуџин.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот