Нов сведок со вознемирувачко тврдење: „На забавите на Диди имаше малолетници, облечени во бизарни костуми“
Американскиот рапер и музички магнат Шон Комбс, познат како Диди, веќе два месеци е во притвор под обвинение за рекетирање, трговија со луѓе и други кривични дела. Исто така, тој се соочува со сериозни обвиненија за сексуална злоупотреба и силување.
Нови детали за неговиот случај излегуваат на виделина речиси секојдневно, вклучително и шокантни наводи наводните случувања на неговите познати „бели забави“, каде што тој наводно дрогирал, малтретирал и тајно снимал жртви.
Во документарецот на Ти-ем-зи „Падот на Диди: увид во ‘фрик-офс’ забавите“ се појави жена која тврди дека била на една од тие забави. Таа наведува дека на настанот имало малолетници.
Пејачката Танеја Валас изјави дека била поканета на една од забавите на Диди од саудиски принц, кој ѝ го платил летот од Лос Анџелес до Мајами. Според неа, таа била сведок на групни сексуални дејствија, во кои учествувале луѓе кои изгледале пијани и дрогирани. Според Ти-ем-зи, забавата траела цела ноќ.
Валас исто така рече дека видела „мали луѓе“ на забавата облечени како Харајуку Барби, што е алтер егото на познатата раперка Ники Минаж. Подоцна сфатила дека овие „мали луѓе“ се всушност малолетни, кои биле опкружени со возрасни луѓе. Иако не била сведок на недоличното однесување на возрасните кон малолетниците, целата ситуација ја вознемирила.
Адвокатите на Диди брзо реагираа и ги негираа нејзините тврдења.
„Госпоѓицата Танеја Валас нема никаков кредибилитет, а нејзините наводи за ‘откачени’ забави и малолетници се целосно лажни. Како што рековме претходно, г-дин Комбс нема да одговори на ниту еден обид за привлекување внимание. Господинот Комбс има верба во правосудниот систем и вистината ќе излезе на виделина: обвинувањата против него се чиста фикција“, велат адвокатите.